Манастирска убавина! Денеска, манастирот св.Спас во близина на Крушево ја празнува манастирската слава
Манастирот св.Спас во близина на Крушево, се наоѓа во еден прекрасен – незаменлив шумски амбиент и е омилено излетничко место на голем број на граѓани. Денеска, манастирот св.Спас ја празнува манастирската слава. Црквата во манастирот Св. Спас е изградена 1826 година. Оваа прекрасна црква се наоѓа на 600 метри надморска височина, а ова прекрасно Божјо место има идеални природни и климатски услови.

Денеска на празникот Вознесение Христово – Спасовден, во Манастирот Свети Спас – Крушево имаше Божествена Архиерејска Литургија, со која овој прекрасен манастир ја прослави својата слава.

По повод славата на манастирот, денеска се очекува во текот на целиот ден, реки од народ да го посетат овој прекрасен манастир, и да си запалат свеќа за свое и здравјето на своите најблиски.

















