Прилепчанка ги терала нејзините ќерки да питачат на улица??
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против С.Н.(37) од Прилеп, со живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
На 11.08.2023, пријавената била затекната како ги подведува на питачење нејзините два малолетни ќерки.