МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА! Прилеп одбележа 121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ

Сподели го ова:






























Денот на Републиката, 2 -ри Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндени, и на кој што оваа година се одбележуваат 121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ, Прилеп го одбележа со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјата на прилепските херои, кои го дале својот живот за македонската кауза за слободна и независна Македонија.

Делегации во кои што беа присутни градоначалникот на општина Прилеп, пратеници од Собранието на Република Македонија, претседателката на Советот на Општина Прилеп, членови на Советот на Општина Прилеп, директори на училишта и јавни претпријатија, претставници од политички партии, од здруженијата на граѓани и боречката организација во Прилеп, денес заедно положија свежо цвеќе и се поклонија пред споменикот на првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, на народните херои Кузман Јосифоски – Питу, Ѓорче Петров, Пере Тошев и на Могилата на непобедените.

„Денеска, одбележувајќи ја 121 годишнината од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ, даваме завет дека ќе ги чуваме и негуваме придобивките од Илинден и АСНОМ, бидјеќи на тој начин ја чуваме и македонската држава, македонскиот јазик, традицијата и историјата. Денес, како генерации имаме и нов историски предизвик, но, и обврска кон идните генерации, да создадеме национално достоинствена и меѓународно почитувана Република Македонија, која ќе чекори напред кон економски, европски и демократски развој„- истакна градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, честитајќи им го Илинден и Денот на Републиката на сите граѓани.

Нека ни е честит Илинден!




Сподели го ова:

Слични објави