Денеска прилепските комуналци чистеа диви депонии
Комуналните работници во, и околу Индустриската зона ,, Прилепец 1″, чистеа диви депонии, косеа високи треви и џбунови, се кастреа дрвја, а се отстрануваа и диво израстени растенија.
Како што најавија од Комуналец, 2023 година, ќе биде година во која ,, Комуналец”, покрај редовниот оперативен план, ќе организира интензивно чистење и во околината на градов, со цел да се влијае на граѓаните и бизнис секторот, во иднина да внимаваат каде и како ќе исфрлаат отпад, но и да се изврши услуга повеќе за нив.
Со оглед што сега засега временските услови овозможуваат вакви поголеми акции, директорот Абрашоски и оперативната служба, за наредниов период изготвуваат дополнителен оперативен план како би се опфатиле поголем број на локации, кои подолго време не се исчистени, со цел да им се овозможи на населението здрава и чиста животна средина.
Воедно, за првите пролетни денови се планирани и еколошки акции, каде доброволно учество би зеле и граѓаните.