Коњановски и Милевски направија увид во градежните работи во Горно Оризари

Сподели го ова:





























Денеска битолскиот градоначалник Тони Коњановски заедно со пратеникот Пеце Милевски и одговорните за проектот направија увид во градежните работи на започната реконструкцијата на спортските терени, односно игралиштата во рамките на подрачното училиште „Тодор Ангелевски“ во Горно Оризари.

“Станува збор за два спорски терени, едниот ракометното игралиште или игралиштето за мал фудбал, а другиот терен за кошарка.

По отстранувањето на стариот асфалтен слој, бетон и земјишниот слој, следува поставување на тампон, потоа асфалтирање и поставување на тартан подлога на површина од 900 м2.

Терените ќе бидат опремени со реквизити, оградени со транспарентна ограда висока 3 метри и во рамките на ова, ќе има нови патеки со бехатон плочки и елементи кои ќе направат училница на отворено.

Средствата ги обезбедивме преку Министерството за образование и наука од вториот владин повик, а целата инвестиција изнесува 11.318.523 денари” – порача Коњановски.




Сподели го ова:

Слични објави