Конечно на некој да му текни! Пациентите од прилепската болница ќе се хранат квалитетно, свежо и разновидно

Сподели го ова:






























Од вчера, пациентите од прилепската болница се хранат со квалитетни оброци кои се обезбедуваат преку кетеринг услуга од компанијата „Ана Марија Фуд“ – најдобриот кетеринг сервис во градот – и пошироко! Со ова квалитетна храна на пациентите ќе им се овозможи:

✔Подобар квалитет и свежина на храната

✔Поголема разновидност на оброци

✔Подобра усогласеност со нутритивните и диететски потреби на пациентите

Оваа промена е дел од континуираните напори за модернизација на болницата и унапредување на стандардите на здравствена заштита.

Дополнително, направената промена е и финансиски поисплатлива, со што се овозможува подобро управување со буџетот и насочување на средства кон други приоритетни здравствени потреби. Истовремено, се воведоа дефинирани протоколи за поделба на храната, со цел да се обезбеди еднаков пристап и да се зголеми безбедноста и квалитетот на оброците за сите пациенти и вработени. Раководството останува посветено на унапредување на условите во болницата и обезбедување грижа на највисоко ниво.




Сподели го ова:

Слични објави