ЌЕ ИМА УШТЕ ЕДНА ПРЕТСТАВА!!! Денеска во Кавадарци се случи најголемиот детски спектакл!!! Наредната недела ќе има уште една претстава со ТРИТЕ МУЗИЧКИ ПРАСИЊА по барање на кавадаречката публика

Сподели го ова:


























Конечно и во Кавадарци да се случи вистински голем детски спектакл, на голема сцена! Станува збор за театарската претстава за деца “Трите музички прасиња”, која што по неколку пати ги полни салите низ цела Македонија!!! Денеска оваа атрактивна театарска претстава го преполни Домот за култура во Кавадарци. Билетите за оваа претстава се потрошија за само еден ден, а голем број на кавадарчани кои денеска не успеаа да влезат и да си обезбедат билет, побараа да има уште една театарска претстава. Театарската продукција најавува уште една претства во Кавадарци наредната недела, а датумот на претставата ќе биде објавен во понеделник.

Овој детски музички спектакл, денеска во Кавадарци беше изведен на големата сцена со професионални маски и одлична изведба на волкот и трите музички прасиња, кои претставата ја збогатија со голем број на новокомпонирани детски песни специјално направени за оваа претстава, па врз основа на тоа слободно може да се каже дека оваа претстава е и мјузикл каде што во еден глас заедно се радуваа децата во Кавадарци.

После одиграните претстави во Скопје, Куманово, Прилеп и Битола (и тоа по неколку пати во еден град по барање на публиката), овој пат, честа по втор пат ќе ја имаат кавадарчињата со нивните родители, кои наредната недела ќе го проследат мјузиклот со волкот и трите прасиња, и вистински ќе уживаат во оваа детска музичка претстава со професионални маски.

Резервации и информации за датумот на претствата преку повик 24/7 на телефон: 078/66-77-97

Бројот на карти е ограничен! Билет 150 ден.




Сподели го ова:

Слични објави