КАКО НЕ ВИ Е СТРАМ ДА ПЕЧАЛИТЕ ОД УЧЕНИЦИТЕ: Од 40 до 50 денари за кифла плаќаат учениците во прилепските бурекџилници

Сподели го ова:
















Киснато, лиснато, просечна кифла (изварка, салама)…… Сето тоа, прилепските бурекџилници го продаваат по цена од 40 до 50 денари. Резил! Најголемиот дел од тие просечни кифли ги купуваат обичните работници кои макотрпно го вадат лебот, а исто тука се и учениците. Навистина е глупаво да се печали од грбот на обичниот работник и учениците.

Се разбира, учениците кога одат во училиште ќе мора да купат бело печиво, меѓутоа тоа не значи дека бурекџилниците треба да ставаат огромни цени на нивните производи и да печалат од грбот на учениците и работниците.

Со намалувањето на цената на лебот, бурекџилниците треба да ја намалат цената и на белите печива, а еве сега штом ќе се намали и цената на млечните производи, тогаш очигледно е дека нивните производствени трошоци ќе се намалат, меѓутоа дали бурекџилниците конечно ќе се освестат и ќе ги намалат цените на нивните производи – останува да видиме!



Сподели го ова:

Слични објави