ЈП Стрежево – Битола: Ги повикуваме сите водокорисници на рационално и наменско користење на водата
ЈП Стрежево – Битола упатува важно известување до водокорисниците, во кое се вели:
Ги повикуваме сите водокорисници на рационално и наменско користење на водата, со цел да обезбедиме доволни количини за сите култури и непречено наводнување до крајот на сезоната. Се забранува самостојно пуштање на делнични цевководи од страна на граѓани, бидејќи тоа претставува сериозен ризик за појава на штети и може да предизвика прекин во водоснабдувањето за останатите корисници. Апелираме на одговорно однесување и почитување на процедурите – се вели во известувањето на ЈП Стрежево-Битола.

















