ЈП “Национални шуми” заедно со ОКТА започнаа кампања за подигање на свеста за заштита на шумите од пожари, и пожари на отворен простор
Генералниот директор на ЈП “Национални шуми”, Здравко Трајанов заедно со ОКТА започнаа одлична соработка во однос на подигање на свеста за заштита на шумите од пожари, и пожари на отворен простор.
ЈП Национални шуми доби донација дрон со термална камера за следење на состојбите во шумите. Современите системи за набљудување се нова страница во заштитата на шумите. Заедно со ОКТА почнуваме кампања за подигање на свеста за заштита на шумите од пожари и пожари на отворен простор – истакна Генералниот директор на ЈП “Национални шуми”, Здравко Трајанов.


















