ЈОНОСКИ: Ве уверувам дека ќе дадам сè од себe

Сподели го ова:


























Директорот Кире Јоноски, денеска официјално ја презеде директорската функција во прилепската градска болница.

“Чест и задоволство ми е да Ве информирам, дека денес ја превзедов функцијата директор на Општа болница со проширена дејност Прилеп. Состојбата која ја затекнав на прв поглед е катастрофална има многу да се работи за да се донесе во подобар ред и подобри услови за работа на вработените, но и подобра услуга за пациентите.

Ве уверувам дека ќе дадам сè од себe, како што минатиов период успеав да го кренам стандардот за работа на одделението за Ортопедија и трауматологија така ќе успееме и на другите оддели во болницата. Исто така сакам да Ве известам дека ќе продолжам со амбулантските прегледи и оперативните интервенции, ќе бидам достапен и во служба на Вас граѓаните 24/7″ – истакна директорот Јоноски.




Сподели го ова:

Слични објави