Изминатиот викенд, прилепската публика уживаше во претставата “Бог на колежот”
На 28.02.2026 (сабота) и 01.03.2026 (недела), со почеток во 20:00 часот, во организација на НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп, прилепската публика на големата сцена од центарот ги проследи двете изведби на претставата „БОГ НА КОЛЕЖОТ“ работена според мотиви од драмскиот текст „God of Carnage“ на Јасмина Реза.
Прилепската публика уживаше во оваа театарска претстава која на прилепчани им приреди вистинска театарска уметност.
• Адаптацијата на текстот и режијата ги потпишува Весна Петрушевска
• Играат:
Ѓорѓи Јолевски
Дарја Ризова
Благој Веселинов
Наталија Теодосиевa
актери од актерска школа на Весна Петрушевска
Превод на текстот: Рајна Кошка-Хот
Сценограф: Татјана Христоска
Костимограф: Наталија Терзија
Сценски движења: Кренаре Невзати-Кери
Избор на музика: Весна Петрушевска
Автор на сонг „Пепел и мрак” Игор Џамбазов
Извршни продуценти: Симона Угриновска и Виктор Рубен


















