Иле Гоцевски – возачот на Итната помош од Кочани ќе биде постхумно одликуван
Иле Гоцевски – возачот на Итната помош кој што почина по трагичната несреќа во Кочани, а за неколку часа пренесе голем број пациенти со амбулантното возило, ќе биде постхумно одликуван.
Тој ден, сите работевме повеќе од 20 часа. Јас немам информација колку часа возачот работел, меѓутоа неспорно е дека направил огромна работа со превозот на пациенти. Како министер за здравство планирам следната недела да го викнам неговото семејство и постхумно да го одликувам – изјави Таравари.

















