Христос Воскресе! Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
Благодатниот оган штотуку се спушти во црквата на Светиот гроб (црквата „Воскресение Христово“) во Ерусалим. Благодатниот оган ја симболизира светлината на Воскресението Христово.
Благодатниот оган се спушти во Кувуклијата – параклисот над Светиот гроб во црквата „Воскресение Христово“, односно црквата на Светиот гроб. Станува збор за мермерна капела над пештерата на Светиот гроб, каде што бил погребан Исус Христос.
Христос Воскресе!

















