Гори во прилепско Бешиште
Утрово во државава има вкупно 38 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, четири се под контрола и изгаснати се 27 пожари. Врз основа на информациите од ЦУК, активни се пожарите во: Општина Чучер Сандево – помеѓу селата. Блаце и Горњани, место викано Рамна шума (шумски пожар); Општина Прилеп – село Бешиште, место викано Бешишки Рид (приземен во мешана шума); Општина Македонски Брод – помеѓу селата Црешнево и Локвица (деградирана дабова шума и грмушки); Општина Македонски Брод – село Крапа (нискостеблеста шума); Општина Дојран: село Николиќ (нискостеблеста шума); Општина Чашка – под Солунска Глава, помеѓу Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (само чад, карпест терен) и во Општина Тетово: кај бензинска пумпа „Окта Петрол“ (нива).

















