Голем број на полуматуранти денеска го посетија СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“, каде се запознаа со богатата понуда на креативни и современи образовни струки што ги нуди училиштето
Денес се одржа отворениот ден во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“, каде учениците од деветто одделение од општина Прилеп, имаа можност да се запознаат со богатата понуда на креативни и современи образовни струки што ги нуди училиштето.

Од економски, правни и трговски насоки, па сѐ до модерни програми како дигитален маркетинг, учениците имаа можност одблиску да ги запознаат професиите на иднината и да се инспирираат за својот следен чекор.

Им посакуваме на сите полуматуранти со среќа во изборот и мотивирано да продолжат на нивниот образовен пат!


















