Денеска се навршуваат 154 години од раѓањето на големиот великан Гоце Делчев
Денеска се одбележат 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, еден од најзначајните ликови во македонската историја, учител, визионер, и водач на македонското револуционерно национално-ослободително движење од крајот на 19. и почетокот на 20.век.
Сеќавањето на годишнината од неговото раѓање е чествување на вредностите што тој ги застапуваше во борбата за слобода и за македонската државност.
Ликот и делото на Гоце Делчев и неговиот придонес за слободата, независноста и самобитноста на македонскиот народ остануваат засекогаш врежани во колективната меморија на Македонците.
„ Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има и народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?“ – Гоце Делчев


















