Дошол од Битола – за да краде во Прилеп! Пред маркет во Прилеп уапсен 70 годишен битолчанец
На 28.12.2024 година во 09.30 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на улицата „Методија Шаторов Шарло“ пред маркет го лишиле од слобода М.Ф.(70) од Битола бидејќи истиот бил фатен при извршување на кражба од маркет.

По документирање на настанот против М.Ф.ќе биде поднесена соодветна пријава – информира МВР.

















