Директорот Трајанов со моќна порака по повод 23-ти Октомври: Да се потсетиме на храброста и пожртвуваноста на нашите предци, кои неуморно се бореа за нашата слобода и иднина

Сподели го ова:






























Денеска е 23-ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба. Денешниот празник претставува значаен симбол на пожртвуваноста и истрајноста на македонскиот народ кој што непрекинато низ годините наназад, сведочи за одлучноста и нескршливата волја за слобода и независност, која се преточува низ повеќевековна борба за создавање на сопствена држава. По повод денешниот празник, Генералниот Директор на ЈП Македонски Шуми, Здравко Трајанов упати можна порака до македонскиот народ во која се вели:

23 Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба!

Да се потсетиме на храброста и пожртвуваноста на нашите предци, кои неуморно се бореа за нашата слобода и иднина. Нивниот дух останува водилка за сите нас, секој ден!

Борбата за Македонија продолжува!” – порача Генералниот Директор на ЈП Македонски Шуми, Здравко Трајанов. Колку за потсетување, за само 30-тина дена, откако ова ново раководство дојде на чело во ЈП “Македонски Шуми”, им ги исплатија сите заостанати плати на над 2000 вработени кои изминатите месеци беа оставени на маргините на преживување, а исто така вработените ги добијаа своите придонеси и здравственото осигурување, а сега месец – за месец, сите вработени навремено и континуирано си ја земаат заслужената плата. Повеќе од очигледно е дека започна нова, успешна ера во ЈП Македонски шуми!




Сподели го ова:

Слични објави