Денеска во РЕК-Битола доаѓа премиерот Христијан Мицкоски

Сподели го ова:






























Премиерот Христијан Мицкоски денес ќе пристигне во РЕК “Битола” по повод  свеченото одбележување на Денот на рударите 28 август. На оваа свеченост ќе бидат доделени благодарници на оние вработени во РЕК “Битола” и РЕК “Осломеј”, кои оствариле исклучителна посветеност и одговорност при извршувањето на своите работни задачи. 

Денешната големата свеченост ќе се одржи пред Управната зграда на ПЕ Рудници, каде освен премиерот присутни ќе бидат: градоначалници, пратеници, Сања Божиновска министер за енегетика, генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев, генералниот директор на РЕК ” Битола Тони Петрушевски, членовите на Управниот и Надзорниот одбор на АД ЕСМ, како и останати гости од цела Пелагонија.




Сподели го ова:

Слични објави