Денеска се очекува да поевтинат над 1000 производи
Денеска се очекува да поевтинат повеќе од 1000 прехранбени и непрехранбени производи. Сето тоа се должи на одлуката од Владата, која беше објавена во Службен весник за ограничување на бруто профитните маржи и за замрзнување на цените на дел од производите.

Одлуките на Владата стапуваат на сила од денес, а ќе траат до 30 април.
















