Денеска прилепчани со длабока почит им оддадоа признание на македонските херои

Сподели го ова:





























Денеска на 2 Август, Илинден, Денот на Републиката, со длабока почит прилпечани им оддадоа признание на македонските херои кои со својата храброст, пожртвуваност и љубов кон татковината ги вградија своите животи во темелите на македонската држава.

“Илинден е симбол на непокорот, слободата и стремежот на македонскиот народ кон сопствена држава. Од славното Илинденско востание, преку одлуките на АСНОМ, до денешна Македонија, испишана е историја на генерации кои не се поколебале пред предизвиците, туку достоинствено се бореле за националниот идеал.

Денеска одбележувајќи 123 години од Илинденското востание и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, се поклонуваме пред нивното дело и даваме завет дека ќе продолжиме да ги чуваме илинденските идеали, државноста, македонскиот јазик, културата, традицијата и историското наследство.

Нашата обврска денес е со одговорност, чесност и посветеност да ја градиме Македонија како достоинствена, развиена и просперитетна држава, а нашиот Прилеп како град кој ќе биде пример за напредок, економски развој и подобар живот за сите граѓани.

Нека вечната слава и благодарност им припаѓа на сите кои ја изборија нашата слобода.

Нивната жртва е нашата најголема обврска, да ја чуваме, почитуваме и унапредуваме нашата татковина.

Слава им на илинденците и на борците од Народноослободителната борба!

Нека е вечен Илинден!

Да живее Република Македонија!

Да живее Прилеп!” – порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави