Прилепските пензионери ќе си имаат занимација! Прилеп ќе добие Центар за дневен престој на стари лица за активно стареење
Општина Прилеп, во соработка со Центарот за развој и едукација – Прилеп, наскоро ќе отвори Центар за дневен престој на стари лица за активно стареење. Просторот ќе биде адаптиран во старата зграда на месната заедница „Рид“, а реновирањето се очекува да заврши до крајот на септември.
Центарот ќе започне со работа од 1 јануари 2026 година. Овој проект во Прилеп е дел од грантот на Министерството за социјална политика, демографија и млади, со поддршка на Светска банка, и ќе биде петтиот центар од ваков вид во државата.

Установата ќе има капацитет за 48 корисници, кои ќе престојуваат во две смени, по 4 часа дневно, под надзор на тим од четири стручни лица.















