Д-р Јаков кој работеше во Германија, денес потпиша договор за работа во прилепската болница
Д-р Јаков е врвен хирург со повеќе од две децении искуство. Првите 10 години од својата кариера ги помина работејќи во Прилеп, а потоа следните 11 години ги посвети на работа во Германија, каде што стекна огромно искуство и знаење. Со својата посветеност и професионализам, тој се докажа како еден од најдобрите хирурзи, а сега се враќа дома за да го сподели своето знаење и да помогне на своите сограѓани.

“Со големо задоволство ја споделуваме веста дека денес, специјалист хирург д-р Златко Јаков официјално потпиша договор за работа во нашата болница. Д-р Јаков, кој има долгогодишно работно искуство и зад себе успешна кариера во Македонија и Германија, реши да ја продолжи својата професионална приказна токму во својот роден град – информираат од прилепската болница.

















