Крушево ве очекува! За Водици светиот крст ќе биде положен во водите на крушевското езеро
Крушево, ги повикува верниците на 19. 01. 2026 кога е големиот христијански празник- БОГОЈАВЛЕНИЕ (ВОДИЦИ), да бидат дел од Голем Богојавленски водосвет и полагањето на чесниот крст во осветените води. Распоредот е следен:
Утринска богослужба со Архиерејска Литургија
Почеток 06:30 часот во Храм Успение на Пресвета Богородица – Крушево.
Голем Богојавленски водосвет со полагање на чесниот крст во Крушевското езеро
Почеток во 11:00 часот.
Повелете во Крушево – Крушево Ве очекува!


















