Бог да го прости! Почина дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј
Денеска, почина Дебарско-Кичевскиот Митрополит Тимотеј. Владиката почина денеска во болница, откако ја изгуби битката за живот.
Изминатите неколку дена Тимотеј бил хоспитализиран поради сериозни проблеми со срцето.
Митрополит Тимотеј беше еден од најистакнатите претставници на МПЦ, а неговото заминување од овој материјален свет претставува голема загуба како за Македонската православна црква, така и за македонските верници.