Битолски Комуналец започнува со реализација на проектот RU READY – Акции за намалување, повторна употреба и рециклирање за прекугранична интеракција

Сподели го ова:





























ЈП Комуналец Битола е дел од проектот RU READY, 24-месечна прекугранична иницијатива која ја промовира циркуларната економија и одржливото управување со отпад.

Проектот се реализира во рамките на INTERREG VI-A ИПА програма „Грција – Македонија 2021-2027“ и е кофинансиран од Европската Унија и националните фондови на двете земји со вкупен буџет од 851.754,18 евра.

Во рамките на проектот, JП Комуналец ќе го воспостави првиот Центар за повторна употреба во Македонија, кој ќе им овозможи граѓаните да можат да донираат материјали и производи наместо да ги фрлаат и истите да завршат на депонија, а од друга страна бесплатно да подигнат и користат материјали и производи кои би им биле потребни.




Сподели го ова:

Слични објави