Битола се подготвува за најновото издание на БИТ ФЕСТ!
Фестивалот БИТФЕСТ продолжува да расте, благодарение на добрата културна програма во Битола. И оваа година на БИТФЕСТ се очекува да настапат голем број домашни изведувачи, уметници и културни работници кои ќе претстават доста интересни содржини за сите возрасти!!
Целосната програма ќе биде објавена пред почетокот на самиот фестивал кога ќе бидат објавени културните содржини за ова лето.
Инаку овој фестивал има и традиционални манифестации, како: Битола отворен град, Локум фест, Парко – фестивал, Илинденски денови, Битолино – Детски театарски фестивал, Мјузикленд, Фестивал на староградска музика, Широк сокак во бело…
Се очекува и ова лето, Битола да пулсира во знакот на културата и уметноста.


















