Секоја чест! „Бимфooд“ со уште една нова донација! Овој пат за децата со посебни образовни потреби во ООУ “Климент Охридски” – Прилеп

Сподели го ова:































„Бимфooд“ и “Матадор” денеска донираа за децата со посебни образовни потреби во ООУ “Климент Охридски” – Прилеп.

“Вашите донација на современа компјутерска технологија не се само уреди – тие се прозорци кон светови полни можности, игри на умот, креативност и учење. Во секој екран се огледува љубовта кон децата, во секој глас од тастатурата се слуша надежта дека секое дете заслужува да сонува, да создава и да се развива. Не е случајно што токму „Матадор“ и „Бимфуд“ беа домаќини на градската Прилепска слава „Свети Никола“ – славата на дарувањето, на човечноста и топлината на заедништвото. Вашата добрина го осветли патот на нашите најмали, оставајќи трајна светлина која ќе ги следи низ нивниот раст и учење. Ви благодариме што преку вашите дела покажувате дека вистинската моќ е во тоа да се дарува со срце, да се инспирира и да се гради иднина полна со љубов, радост и надеж” – истакнаа од ООУ Климент Охридкси – Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави