|

Ако одите во Крушево овој викенд ќе има забрана за движење на возила во два временски интервали заради одржувањето на „ФИС ролер ски куп Тоше Проески 2023“

Сподели го ова:























Овој викенд од 26 до 27 август, во Крушево ќе се одржи меѓународниот „ФИС ролер ски куп Тоше Проески 2023“. Станува збор за меѓународен спортски настан кој годинава ќе се одржи по седми пат.

Свеченото отворање е најавено за во петок (25 август) со почеток во 19:00 часот пред Спомен куќата на Тодор Проески.

Поддржувачи на настанот се Агенција за млади и спорт, Меѓународна Скијачката Федерација, како и општина Крушево, а технички организатор е клубот “Ски Нордиски”. Организаторите ги известуваат сите граѓани дека заради грижа за безбедноста на учениците и нормално одвивање на натпреварот ќе има забрана за движење на возила од месноста наречена “Стопанство” во близина на фабриката СЕКЕ до градот Крушево во следниве временски периоди: 

– Сабота од 09.40 дo 12.00 часот

-Недела од 09.40 дo 11.40 часот.



Сподели го ова:

Слични објави