Аирлија нека е! Од денеска започнува исплатата на зголемените пензии – пензионерите “ќе тријат раце”
Премиерот Христијан Мицкоски вчера вечерва преку свое видое обраќање од Владиниот кабинет, ја најави денешната исплатата на зголемените пензии.
„Почитувани и драги пензионери, се јавувам оваа вечер од мојот кабинет во владата. Ја користам оваа прилика, да ви честитам поголеми пензии кои што ќе започнат да се исплаќаат од утре. Тоа што го ветувавме во кампањата за повисоки пензии, за линеарно зголемување на пензиите станува реалност. Од утре, пензионерите во Македонија ќе имаат поголеми пензии. Вие тоа го заслуживте, макотрпно работејќи во вашиот животен век. Сега е периодот кога треба да уживате. Оваа владата останува 100 проценти посветена да испорачува, тоа кое што беше наше ветување за време на изборите, односно за време на предизбората кампања“ – порача Мицкоски.
Колку за потсетување, исплатата на септемвриската пензија е зголемена за 2500 денари, а мартовската пензија во 2025 година ќе биде зголемена за уште нови 2500 денари.