Убавина! Езерцата во “Паркот кај судот” во Прилеп, од сега се дом на два нови жители
Паркот кај Основниот суд кој граѓаните го именуваа како паркот кај пајките, по многу години овој благороден вид повторно се всели во двете езерца градени со природен камен. Освен радости кај најмладите и украс на овој најпосетен парк во градов, пајките се и природен чистач на водата во езерата.
Се замолуваат граѓаните да внимаваат на оваа природна благородност, се до нивно навикнување во новото живеалиште.


















