Почина поранешен битолски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

Сподели го ова:





























Почина поранешниот битолски пратеник Драги Гроздановски, а погребот ќе биде извршен утре. Гроздановски е роден во Битола во 1957 година. Имаше завршено Правен факултет, беше пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во првиот состав на парламентот, а воедно и беше поранешен координатор на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, како и поранешен претседавач на Советот на Општина Битола.

Исто така, Гроздановски беше директор на Агенција за разузнавање и тоа два пати: од март 2000 година до февруари 2002 година, како и од мај 2003 па се до септември 2004 година.




Сподели го ова:

Слични објави