ЗА УБАВО НЕКА Е! Со месец октомври и “Петковден” започнува зачестеното прославување на домашните слави
СЛАВАТА Е ПРОДОЛЖЕНА ЛИТУРГИЈА. Со месец октомври и Петковден започнува зачестеното прославување на домашните слави и тоа трае се до Атанасовден (31 јануари). И во останатиот дел од годината се празнуваат слави, но во овој период се оние „поголеми“ слави, во смисла на бројноста на домови во кои се чествуваат одредени светители, Пресвета Богородица, Господ…









