ПРВАЧИЊА – КОЛАЧИЊА: ООУ “Добре Јованоски” – Прилеп со песна и игра ја започна новата учебна година
Денеска во ООУ “Добре Јованоски” – Прилеп започна новата 2026/2027 година, со целосна подготвеност за непречено одвивање на наставниот процес.
Исто така, во училиштето имаше и свечен прием на првачиња, кои ги поздрави директорката на училиштето Панде Магдеска Николоска, како и Претседателката на Совет, Билјана Кржеска.
На сите ученици, наставници и родители од сите основни и средни училишта во Општина Прилеп колегиумот од ООУ ” Добре Јованоски “Прилеп им посакува среќен почеток во новата учебна 2026-2027 година. Нека биде исполнета со многу знаења ,петки и успеси! – се вели во објавата на ООУ “Добре Јованоски” – Прилеп.


















