Фудбалскиот стадион во Крушево се поднови со нови топки и столчиња за трибините на стадионот „Езеро“ во Крушево

Сподели го ова:





























“ФК „Питу Гули“ – Крушево упатува искрена благодарност до претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, како и до заменик-претседателот на ФФМ и претседател на Општинскиот фудбалски сојуз Прилеп, Марјан Стојковски – Манта, за значајната донација на столчиња за трибините на стадионот „Езеро“ во Крушево, како и за фудбалските топки.

Оваа донација е од големо значење за нашиот клуб и за подобрување на условите на нашиот стадион, но и за најмладите кои секојдневно тренираат и го сакаат фудбалот. ⚽❤️

Ви благодариме за поддршката, довербата и вложувањето во спортот и фудбалот во Крушево!” – стои во објавата на ФК „Питу Гули“ – Крушево.

,




Сподели го ова:

Слични објави