ЈКП „Водовод“ – Битола продолжува со реконструкција и модернизација на водоводната мрежа

Сподели го ова:





























Во изминатиот период ЈКП „Водовод“ – Битола ја заврши првата делница од реконструкцијата на водоводната мрежа на ул. „Дебарска“, во должина од 98 метри, при што се обновени и 11 водоводни приклучоци.

Со тоа е завршена првата фаза од реконструкцијата, а во наредниот период продолжуваме со втората фаза, паралелно со реализација на нови активности за изградба и реконструкција на водоводната мрежа на повеќе локации низ Битола.

💧 ЈКП „Водовод“ – Битола продолжува посветено со инвестиции во сигурна, современа и ефикасна водоводна инфраструктура, во интерес на граѓаните.




Сподели го ова:

Слични објави