Битолчанка додека ја чистела плевната, пронашла граната
На 21.07.2026 во 12:30 часот во СВР Битола, С.М.С.(53) од Битола пријавила дека во с.Лавци, битолско, додека ја чистела плевната, пронашла граната.
Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола гранатата била безбедно подигната и било констатирано дека се работи за граната од Втората светска војна.


















