Чонески и Министерот за дигитална трансформација во Крушево го промовираа новиот Центар за услуги
Денеска крушевскиот градоначалник Нико Чонески и неговиот тим, заедно со министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, го промовираа новиот Центар за услуги во Крушево.
“Како градоначалник, особено ми значи што нашите сограѓани добиваат современ и достапен простор каде што ќе можат полесно, побрзо и поедноставно да ги користат електронските услуги.
Дигиталната трансформација мора да биде достапна за секого без разлика на возраста, дигиталните способности или местото на живеење.
Ова е шеснаесеттиот Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните ќе добиваат директна поддршка и полесен пристап до дигиталните услуги.
Со отворањето на овој центар во Крушево правиме уште еден чекор кон надминување на предизвиците поврзани со дигиталната писменост, возраста и оддалеченоста.
Покрај новиот Центар за услуги, обезбедивме и бесплатна Wi-Fi зона во Градскиот парк, како и нова веб-страница на Општина Крушево.
Со овие чекори продолжуваме да градиме помодерна, поотворена и поефикасна локална самоуправа, во служба на сите граѓани” – истакна Чонески.


















