„Krushevo MTB Challenge – Градоначалникот Чонески денеска во Крушево ги додели медалите на најдобрите
Денеска во Крушево успешно се одржа второто издание на „Krushevo MTB Challenge“, спортски настан кој повторно ги обедини љубителите на планинскиот велосипедизам, спортот и природата.
“Ми претставуваше чест да им ги доделам медалите на најуспешните учесници и да бидам дел од атмосферата исполнета со спортски дух, енергија и натпреварувачки ентузијазам.
Голем број велосипедисти од земјава и регионот ги прифатија предизвиците на малиот и големиот маратон , уживајќи во уникатните планински патеки и природните убавини што ги нуди Крушево.
Им честитам на сите натпреварувачи за нивната посветеност, истрајност и постигнатите резултати. Благодарност упатувам и до организаторите, волонтерите, поддржувачите и сите кои придонесоа овој настан да биде успешно реализиран.
Крушево уште еднаш потврди дека е град на спортот, природата и активниот туризам. Продолжуваме да поддржуваме вакви манифестации кои го промовираат нашиот град и ги поттикнуваат здравите животни навики” – истакна крушевскиот градоначалник Нико Чонески.
















