Пукање во битолско! Лицето избегало и фрлило три торби со марихуана
На 16.06.2026 во 18:45 часот на потегот помеѓу селата с.Лажец и с.Граешница, битолско, при преземање на службени дејствија, полициски службеници од СВР Битола забележале едно лице, кое не застанало на издадена усна наредба да застане.
Притоа, еден од полициските службеници испукал три предупредувачки куршуми во воздух, но лицето не застанало, фрлило торба и побегнало. По пребарување на теренот, биле пронајдени три торби со 46 пакувања марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
















