Општина Прилеп ќе доделува награди за најдобар наставник, најдобар воспитувач и најдобар неговател
Објавени се јавните повици за доделување награди за најдобар наставник во одделенска и предметна настава во општинските основни училишта, најдобар наставник во средните општински училишта, како и за најдобар воспитувач и најдобар неговател вработени во ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп.
Сметам дека вложувањето во образованието и воспитувањето е едно од најважните вложувања за иднината на секое општество. Затоа, преку овие награди, Општина Прилеп сака да им оддаде признание на оние кои секојдневно, со знаење, посветеност и одговорност, работат со нашите деца и го обликуваат нивниот развој.
Наставниците, воспитувачите и негователите не се само пренесувачи на знаење и грижа. Тие се личности кои оставаат трајна трага во животот на младите генерации, ги поттикнуваат да учат, да напредуваат и да станат одговорни и успешни луѓе.
Со овие јавни повици сакаме да ги препознаеме и вреднуваме нивните резултати, професионалноста, креативноста и посветеноста во работата, како и нивниот придонес во унапредувањето на воспитно-образовниот процес во нашата општина.
Ги повикувам сите наставници, воспитувачи и негователи кои ги исполнуваат условите да се пријават и да бидат дел од овој процес на вреднување на најдобрите во својата професија.
Повеќе информации на следниве линкови:
Јавен повик за најдобар наставник:
https://www.prilep.gov.mk/j-a-v-e-n-p-o-v-i-k-za…
Јавен повик за најдобар воспитувач и најдобар неговател:
















