Пеце Стојчески е новиот Претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Крушево
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денес донесе повеќе кадровски одлуки. Имено, за претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Крушево е избран човекот за кој што долго време низ Крушево се зборуваше дека заслужено ќе биде Претседател на крушевскиот општински комитет. Станува збор за Пеце Стојчески, кој што доаѓа на местото Претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ-Крушево. Имено, Стојчески моментално е директор на ПШС Липа – Крушево, подружница која е во склоп на ЈП Македонски Шуми.
Стојчески има голем број на менаџерски способности, па врз основа на тоа се очекува истите да ги примени при менаџирањето со ОК на ВМРО-ДПНЕ Крушево, како и да допридонесе со нови политики и програми.

Имено, ова се останатите избрани лица за претседатели на општински комитети во изборните единици 4 и 5.
Од Изборна единица 4:
Росоман – Ѓорѓи Крстевски
Демир Капија – Андон Дрнев
Неготино – Павлинче Честојнова
Кавадарци – Тони Нешковски
Гевгелија – Димитар Вегов
Валандово – Јулија Тушевска
Богданци – Марјан Пеев
Дојран – Илија Тентов
Струмица – Методија Пасков
Босилово – Мито Андонов
Ново Село – Петар Марков
Василево – Славе Андонов
Конче – Ацо Митев
Радовиш – Бојан Митевски
Могила – Драганчо Саботковски
Кривогаштани – Александар Богданоски
Од Изборна единица 5:
Демир Хисар – Ненад Шундовски
Долнени – Сашко Велјановски
Крушево – Пеце Стојчески
Ресен – Кире Божиновски
Охрид – Сашо Донев
Дебарца – Златко Силјановски
Струга – Ален Деребан
Вевчани – Ѓорѓи Влајнкиноски
Дебар – Афет Амедоски
Центар Жупа – Денис Хасан
Маврово и Ростуше – Мевмед Џафери
Пласница – Луме Адемоглу
Боговиње – Алишериф Синани

















