Денеска во Прилеп започнува 60-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“
Денеска во НУЦК Марко Цепенков во Прилеп, започнува 60-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. Првиот фестивалски ден на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ започнува со отворање на изложбата посветена на шест децении фестивалска историја, а продолжува со свеченото отворање и изведбата на „Мачкина глава“.
ВЕЧЕРВА: МАЧКИНА ГЛАВА
НУ ДРАМСКИ ТЕАТАР – СКОПЈЕ
АВТОР: ВЕНКО АНДОНОВСКИ
Режија: Дејан Пројковски
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Марија Пупучевска
Асистент на костимограф: Марија Ѓоргиевска
Скулптор: Ангел Петровски
Музика: Горан Трајкоски
Играат:
Рубенс Муратовски
Биљана Драгиќевиќ-Пројковска
Филип Трајковиќ
Александар Степанулески
Сара Климоска
Игор Ангелов
Сања Арсовска
Златко Митрески
Предраг Павловски
Техничка екипа: фотограф – Драган Гајиќ, дизајнер на плакат – Горјан Донев, инспициент – Жарко Намичев, суфлер – Милка Анчевска.
Времетраење: 120 минути


















