Поддршката е најважна! Коњановски, Димитровски и Бојкоски со уште една поддршка за ФК Пелистер: Ги повикуваме навивачите, спортските работници, љубителите на фудбалот сите заедно да ги бордиме нашите фудбалери на најважниот натпревар за оваа сезона
Битолскиот градоначалник Тони Коњановски, Секретарот на Општината, Борче Димитровски, како и Претседателот на Советот Бојан Бојкоски, денеска го посетија фудбалскот тим на ФК Пелистер каде им дадоа голема поддршка на фудбалерите. Оваа нивна посета е на само два дена кога ФК „Пелистер“ го игра најважниот натпревар оваа сезона, а тоа е бараж натпреварот за опстанок во ПМФЛ против екипата на Шкендија Арачиново во Кавадарци.

“Ги повикуваме навивачите, спортските работници, љубителите на фудбалот сите заедно да ги бордиме нашите фудбалери на како што реков, најважниот натпревар за оваа сезона. Не беше совршена сезона, имаше и падови, но тие, а и ние никогаш не се откажавме, затоа в недела да бидеме едно, заедно да победиме. Само еден тим, само еден град, само Пелистер, само Битола” – истакна Коњановски.


















