Крушевскиот градоначалник по повод Курбан Бајрам упати честитка до муслиманските верници
Градоначалникот на Крушево, Нико Чонески, упати честитка до муслиманските верници по повод верскиот празник Курбан Бајрам во која се вели:
“На сите граѓани од исламска вероисповед им го честитам големиот празник Курбан Бајрам.
Нека овој празник, кој нè потсетува на вредностите на верата, хуманоста, солидарноста и грижата за ближните, донесе мир, здравје, радост и благосостојба во секој дом.
Во духот на меѓусебното почитување, разбирање и заедништво, да продолжиме да градиме општество во кое различностите се наша сила, а човечноста наша заедничка вредност” – порача градоначалникот Нико Чонески.


















