Прилепските пожарникари во центарот на Прилеп организираа показна вежба по повод 20 Мај – Денот на пожарникарите во Македонија

Сподели го ова:





























По повод 20 Мај – Денот на пожарникарите во Македонија, Општина Прилеп и ТППЕ Прилеп денеска на градскиот плоштад во Прилеп организираа презентација на дел од противпожарната опрема и показна вежба.

Граѓаните денеска имаа можност одблиску да се запознаат со возилата, опремата и подготвеноста на прилепските пожарникари, како и да проследат показна интервенција.

Општина Прилеп упатува честитки до сите пожарникари за нивната пожртвуваност, храброст и секојдневна грижа за безбедноста на граѓаните.




Сподели го ова:

Слични објави