Коњановски: Задоволство беше да се присуствува на прославата на Денот на Европа во Европската куќа во Битола во Офицерскиот дом
Како што информиравме во вчерашните наши објави, Евроамбасадорот на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас, вчера ја посети Општина Битола каде го отвори концертот по повод Денот на Европа на големото плато на Офицерскиот дом во Битола.
“Задоволство беше да се присуствува на прославата на Денот на Европа во Европската куќа во Битола во Офицерскиот дом.
Заедно со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас и бројни млади луѓе од Битола уживавме во музичката програма за оваа прослава со енергијата на „DJ Dejan Dex“ и алтернативниот звук на „Funk Shui“.
„Уживај ја Европа со музика“ беше насловот на синоќешната прослава на 9 мај Денот на Европа, музичко доживување од урбаната приказна на модерен звук и добра атмосфера” – истакна Коњановски.


















