По повод патрониот празник на ООУ ,,Кире Гаврилоски-Јане”, со пригодна свеченост беше оддадена почит кон ликот и делото на народниот херој Кире Гаврилоски-Јане

Сподели го ова:





























По повод патрониот празник на ООУ ,,Кире Гаврилоски-Јане”, со пригодна свеченост беше оддадена почит кон ликот и делото на народниот херој Кире Гаврилоски-Јане.

Директорката Снежaна Шубеска и вработените во училиштето положија свежо цвеќе на Алеата на непобедените и на спомен-плочата на Кире Гаврилоски, потсетувајќи на значењето на храброста, пожртвуваноста и љубовта кон татковината.

Свежо цвеќе положи и градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, како и претставници од локалната самоуправа, претставници од ОУ,,Круме Волнароски”, семејството на Гаврилоски и претставници од Сојузот на борци.

Со ова достоинствено одбележување, уште еднаш беше испратена порака за зачувување на историските вредности и почитување на делото на оние кои се бореле за слободата.




Сподели го ова:

Слични објави