По повод 7-ми мај, градоначалник Проданоски го посети ОВР Прилеп и лично им го честита празникот на полициските службеници и припадниците на Министерството за внатрешни работи

Сподели го ова:





























Денеска, по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски го посети Одделението за внатрешни работи – ОВР Прилеп и лично им го честита празникот на полициските службеници и припадниците на Министерството за внатрешни работи.

“Во разговорите со нив, изразив искрена благодарност за нивната посветеност, професионалност и пожртвуваност во секојдневната грижа за безбедноста, мирот и сигурноста на граѓаните. Македонската полиција е еден од најважните столбови за стабилно и безбедно општество во Република Македонија. Нивната одговорност и служба кон граѓаните заслужуваат почит и поддршка, затоа што токму преку заедничка соработка, доверба и меѓусебно почитување создаваме посигурна иднина за сите.

Како Локална самоуправа, и понатаму ќе продолжиме да градиме партнерски однос со ОВР Прилеп, во интерес на безбеден, мирен и стабилен град во кој нашите деца ќе растат спокојно и безгрижно.

На сите припадници на македонската полиција им посакувам добро здравје, успех и многу професионални успеси” – истакна Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави